Бернард Менса постигна велемајсторски гол од слободен удар, а топката двапати ја погодуваше рамката на голот на Фенербахче во 59. минута од премиерниот меч во Турција.
Кајзериспор поведе со погодокот на репрезентативецот на Гана, кој е вистинско ремек-дело, но сепак загуби во Истанбул.
They lost but Bernard Mensah with a reminder of why he is considered one of Ghana's finest talents by @eastsportsman https://t.co/x45xQDb4Y8
— Michael Oti Adjei (@OtiAdjei) June 12, 2020
Фенербахче и со играч помалку по исклучувањето на Туфан во 15. минута, сепак победи со 2:1 со головите на Муриќи од пенал во 87. минута и на Луиз Густаво 60 секунди подоцна.
Во вториот меч вечерва со кој беше означен рестартот во турското првенство Трабзонспор го победи Гезтепе со 3:1 и го задржа врвот на табелата со 56 бода.