Ова е некое ново чудо: Ваква Фиорентина немало цели 63 години!

Фиорентина со 2:0 победи на гости кај Кремонезе во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија и сега Виолетовите се на чекор од пласман во финалето. Кабрал со гол во 20-тата минута ги доведе гостите во водство на теренот на Кремонезе, а работите за домаќините дополнително станаа тешки откако црвен картон заработи Аиву во 73-тата минута, а гостите добија пенал. Гонзалес погоди за 2:0, што ги носи Виолетовите многу блиску до финалето на Купот.

Тоа што е уште позначајно за Фиорентина е дека тимот ја продолжи низата на победи. Ова е деветта победа по ред за Виолетовите, што е нивна најдобра низа во последните 63 години. Фиорентина девет победи по ред последен пат имала во април 1960 година.

Серијата победи со која се повтори успехот од пред повеќе од шест децении започна на 23 февруари, со триумфот над Брага во Конференциската лига на Европа. Потоа следуваа победи над Верона (0:3), Милан (2:1), Сиваспор (2:1), Кремонезе (0:2), Сиваспор (1:4), Лече (1:0), Интер (0:1) и синоќа повторно над Кремонезе со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести