Ова е невиден малер – ВАР за неколку сантиметри му поништи гол за добитни тикети од 4 милиони денари (Фото+Видео)

Поништениот гол на Рапид Виена во 27-мата минута на мечот со Штурм со помош на ВАР-системот на обложувач во Sport Life му донесе многу тага наместо две добивки од по 2 милиони денари.

На два идентични тикети со уплата од по 20 денари се одиграни 24 натпревари со исти комбинации, а промашен е само типот Гол-Гол на Рапид Виена и Штурм.

Мечот заврши со победа на гостите од 0:3, а Рапид прв постигна гол во 27-мата минута, но беше поништен поради офсајд, во кој се најде стрелецот Емануел Аиву.

Младиот играч за врска на Рапид и буквално беше во офсајд за неколку сантиметри, а моментот што „ја поништи“ добивката од неверојатни 4 милиони денари можете да го погледнете во видеоматеријалот од дербито во Виена.

Судијата Гисхајмер имаше консултации со колегите во ВАР-собата, па конечна одлука беше дека голот е нерегуларен, што значеше и дека нема страшно атрактивна и голема добивка во Sport Life од вкупно 4 милиони денари нето, или вкупно околу 65.000 евра на двата тикети со минимална уплата од по 20 денари.

Според правилата на обложувалницата, сопственикот на двата тикети ќе добие ваучери во десеткратна вредност од уплатите со играта „Втора Кеш Шанса“.

За да не остане само на ваучерите, Sport Life подготви уште една специјална награда за лојалност и обложувачот ќе може да одигра тикети во вредност од по 50 денари секој ден во рок од еден месец.

 

- Оглас -

Најнови вести