Ова е новиот тренер на Лос Анџелес лејкерс

Поранешниот тренер на Индијана пејсерс и Орландо меџик, Френк Вогел, постигна договор со раководството на ЛА Лејкерс за преземање на тренерската функција во славниот клуб од „градот на ангелите“.

Вогел кој има 45 години, во Лејкерс оди како тренер со осумгодишно искуство и биланс од 304 победи и 291 порази, но и две конференциски финалиња во 2013 и 2014. Тој досега има водено екипи само од Источната конференција, Лејкерс ќе му биде прв западен тим.

По разделбата со Лук Волтон кој имаше очајна сезона и покрај доведувањето на суперѕвездата Леброн Џејмс, Лејкерс бараа тренер кој ќе ги исполни нивните големи очекувања, се чинеше дека фаворит е Тајрон Лу, но на крај, изборот сепак падна на Вогел. Се очекува во стручниот штаб на Вогел да биде и славниот плејмејкер Џејсон Кид, кој сака да се докаже и во тренерските води.

Лејкерс шест сезони по ред е надвор од плејофот, од 2011 наваму сменија пет тренери, Вогел е шестиот и јасно што новиот шеф на стручниот штаб треба да направи, ако не сака и тој да добие експресен отказ.

- Оглас -

Најнови вести