Ова е Пепе од 80 милиони: Ја донесе првата победа за Љунберг во Арсенал (видео)

Арсенал го доби малото градско дерби против Вест хем со конечни 3-1 на стадионот „Лондон“. Топчиите со доста мака го остварија првиот триумф под водство на Фреди Љунберг, но најдоа начин како да ја надополнат резултатската негатива од првите 45 минути.

Вест хем заслужено поведе преку Огбона во 38-мата минута, воедно тимот на Мануел Пелегрини не дозволи ниту еден удар во рамките од својот гол, иако Арсенал доминираше во поседот на топката. Сепак, гостите се разбудија во вториот дел, па само за девет минути постигнаа три гола со кои ставија крај на низата од седум меча без триумф во Премиер лигата.

Младиот Мартинели израмни точно по еден час игра, а потоа на сцената стапи рекордното засилување Николас Пепе. Офанзивецот кој го чинеше Арсенал дури 80 милиони евра во 63-тата минута прво го најави пресвртот со фантастичен гол, а три минути подоцна му асистираше на Обамејанг за конечни 3-1.

Арсенал направи подвиг на табелата со оваа победа до деветтото место со 22 бода, додека Вест хем со осмиот претрпен пораз остана на 16 бода.

https://twitter.com/HTCSRIJ/status/1204151603407794176

https://twitter.com/HTCSRIJ/status/1204151690322165760

- Оглас -

Најнови вести