Ова е последно СП со 32 тима, на следното ќе има 48, квалитетот дополнително ќе се разводни

Првиот меч на фудбалскиот Мундијал во Катар покажа прилично голема разлика во квалитетот помеѓу тимовите на Еквадор и домашниот Катар, а вакви мечеви ќе има уште повеќе во иднина, почнувајќи од следното СП.

Годинешното првенство е последно со 32 тима, за четири години на СП во САД, Канада и Мексико ќе има 48 учесници и тоа веројатно ќе придонесе за разводнување на квалитетот. Ќе има три места плус за селекции од Азија и Европа, бројот на африкански селекции ќе биде поголем дури за четири, двете Америки ќе добијат уште по две места, а гарантирано место добива и Океанија.

На следното СП ќе се играат дури 80 меча (годинава ќе има 64), ќе се смени системот (16 групи по три тима, а првите два одат во 16-финале). Наредното СП ќе биде и прво кое ќе се одржи во три земји.

- Оглас -

Најнови вести