Кошаркарите на Партизан со победа на гости кај Игокеа од 75-73, го почнаа натпреварувањето во новата сезона во регионалната АБА лига, а аплаузи заслужи и претседателот на белградските „црно-бели“, Остоја Мијаиловиќ.
Мијаиловиќ неодамна ја повреди ногата играјќи мал фудбал, па мораше да биде опериран. Сега Остоја уште не е целосно закрепнат, оди со помош на патерици, но патуваше со екипата во Венеција, каде Партизан играше меч од Еврокупот, а се појави и вечерва во Лакташи.
Публиката го поздрави и тренерот Андреа Тринкиери, а на полувреме можеа да го забележат претседателот Мијаиловиќ како „на една нога“ оди од своето место за седење до подтрибинскиот простор на освежување.