Многумина кошаркарски вљубеници се прашуваат зошто вечерва нема да се играат натпревари од НБА-лигата. Одговорот е едноставен: Американците веќе традиционално не играат кошаркарски натпревар на „Денот на благодарноста“ и овој ден е исполнет со голем број фудбалски натпревари, но не од европскиот фудбал, туку од американскиот.
Американската професионална кошарка во полн сјај се враќа веќе в петок, или како што го нарекуваат Американците – „црн петок“ или Black Friday, кога на програмата се 11 натпревари.

