Барселона и Реал Мадрид не успеаа да победат во рамките од 30 коло на шпанската Примера дивисион. Барселона пред своите навивачи одигра 1:1 со Бетис, а Реал максимално ги разочара своите фанови и загуби од Валенсија со 1:2.
Уште осум кола остануваат до крајот на првенството во Шпанија, а Барселона со 67 бодови е лидер, додека Реал Мадрид има 63 бодови. Во овие осум кола ќе има и Ел Класико, а Барселона ќе биде домаќин. Сезонава имаше две Ел Класика и во двата Барселона убедливо победуваше (4:0 во Мадрид во првенството и 5:2 во финалето на Суперкупот).
До крајот на сезоната, Барселона и Реал Мадрид ќе одиграат по четири меча на домашен и четири средби на гостински терен. Каталонскиот гигант дома ќе игра против Селта Виго, Мајорка, Реал Мадрид и Вилјареал, а ќе гостува кај Леганес, Валјадолид, Еспањол и Атлетик.
Реал Мадрид на свој терен ќе игра против Атлетик, Селта Виго, Мајорка и Реал Сосиедад, а ќе гостува кај Алавес, Хетафе, Барселона и Севилја.
Освен мечевите од домашното првенство тука ќе биде и новниот дуел во финалето на Купот на Шпанија, на 26 април. Двата шпански гиганти се дел и од четвртфиналето од Лига на шампиони.