Ова е Сафир 3, просторијата во која македонските ракометари се релаксираат и анализираат (Фото)

Македонската ракометна експедиција е сместена во еден убав хотел во Берлин, каде играчите и стручниот штаб имаат идеални услови за тоа што им е потребно кога не се во сала.

 

Просторијата наречена „Сафир 3“ е местото каде нашите се релаксираат, но и ги држат состаноците и на голем екран гледаат снимки и ги анализираат натпреварите.

Пинг-понг, пикадо и фудбалче на рачки се игрите во кои ракометарите може да си го испробуваат знаењето во слободно време.

 

- Оглас -

Најнови вести