Ова е стариот добар бодичек – Џордан се одби како од ѕид (Видео)

Нејтан Мекинон знае да дава голови и беше петти стрелец во регуларниот дел од НХЛ лигата, но покажа и дека е многу цврст и кога се брани.

Неговиот Колорадо авеланш го загуби првиот дуел против Аризона којотс во плејоф серијата од првото коло, но сепак води со 2:1 во победи, а Нејтан презентираше на вистински начин како изгледа стариот добар бодичек.

Застана цврсто и не попушти пред налетот на Џордан Естерле, кој се одби од него како од ѕид. Мекинон засега има три асистенции во трите меча со Аризона и уште го чека својот прв гол.

Којотите со победа од 4:2 намалија на 1:2 во вкупен резултат против Колорадо и најавија интересна завршница на плејоф серијата од првото коло во Западната конференција.

Во големи проблеми е шампионот Сент Луис блус по новиот пораз од Ванкувер канукс со 3:4 по прдоолженија. Сент Луис губи со 0:2 во победи и е на прагот на елиминација уште на стартот од доигрувањето за титулата.

Истото му се случува и на претходниот првак Вашингтон кепиталас, кој загуби убедливо со 2:5 од Њујорк ајландерс. Овечкин и соиграчите го загубија и претходниот меч со 2:4 и веќе немаат право на пораз, ако сакаат да продолжат во битката за пехарот во Стенли купот.

Лас Вегас голден најтс е првата екипа што се пласираше во втората рунда по третата победа против Чикаго блекхокс, ноќеска со 2:1. Со вкупен резултат од 3:0 елиминиран е уште еден поранешен првак во НХЛ, а Лас Вегас го чека подобриот од плејоф серијата меѓу Колорадо и Аризона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести