14.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Ова е светска Македонија, ни Белгија не ни може ништо, Мундијалот станува сѐ пореален

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови 0:0 на гостувањето во Гент против Белгија во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство. Овој реми е злато вреден затоа што Македонија останува прва во групата, а Белгија е втора.

Македонија сега има 12 бодови од шест меча, а Белгија е втора со 11 бодови од пет натпревари. Со ваквата ситуација на табелата, Македонија останува со шанси да се најде на првото Светско првенство во нашата историја.

Херојски одиграа сите македонски фудбалери на теренот во Гент. Буквално изгинаа сите фудбалери во бели дресови, кои не дозволија на фаворизираната Белгија да постигне гол.

Џабе беа сите напади на Белгија, целосната доминација на домаќините кога лавовското македонско срце не се предаде и на крајот стигна до посакуваниот бод на теренот на фаворитот.

Следниот предизвик за Македонија ќе биде в понеделник во Скопје и тоа против Казахстан. Белгија ја очекува нов дуел на свој терен против Велс кој истотака има шанса за пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести