Ова е трансфер-бомба, Сон во зделка тешка 330 милиони фунти налето ќе го напушти Тотенхем

Со наближување на летото и почетокот на преодниот рок, медиумите веќе почнаа да шпекулираат за трансфер-бомбите и најавија една спектакуларна во која актер би бил Хонг-мин Сон од Тотенхем.

Според „Фудбал трансферс“, саудискиот Ал-Итихад подготви неверојатни 330 милиони фунти за две ѕвезди од Премиер лигата, Сон и Мохамед Салах. Идејата на Саудијците е тие да го предводат нападот на Ал-Итихад во следната сезона.

Ливерпул треба да добие 200 милиони фунти како отштета за трансферот на Мохамед Салах, додека Тотенхем ќе добие 130 милиони фунти доколку го пушти Сон.
Сон има договор со Тотенхем до 2025 година и според „Фудбал инсајдер“, за очекување е претседателот на Петлите, Даниел Леви, да даде зелено светло.

Репрезентативецот на Јужна Кореја досега во дресот на Тотенхем одигра 395 натпревари и постигна 157 гола и има 86 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести