Индијана пејсерс вечерва после полноќ има прилика со победа во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк против Никс да се пласира во своето прво НБА финале од 2000 година наваму.
Пејсерс води со 3-1 во победи во конференциското источно финале, и им треба уште еден триумф за да се најдат во големото финале каде ги чека Оклахома Сити тандер.
Според квотите во Sport Life, фаворит за победа е домашниот тим, но Пејсерс како гости ги добија двата меча во Њујорк во ова конференциско финале. Никс на кој амбиција во моментов му е да се избори за шести меч во ова источно финале, има биланс 6-4 на последните десет меча дома.