Хари Мегваер има очајна сезона зад себе ѝ е потсмев меѓу навивачите, но секои шеги имаат свои граници за кои некои не не ги знаат.
Капитенот на Манчестер јунајтед добил дојава за бомба во својот дом а во тие моменти таму биле неговата сопруга Ферн Хокинс и двете мали ќеркички. Тој веднаш го напуштил тренинг кампот на Манчестер и се обратил кон полицијата, но за среќа не беше пронајдена никаква бомба во неговиот дом.
Целото семејство е потресено од случувањата, а неговиот дом во наредниот период ќе биде под полициски надзор, а без сомнение е дека и самиот фудбалер ќе обезбеди дополнително приватно обезбедување за него и фамилијата.