Управата на Манчестер јунајтед донесе одлука да прифати и позајмица за Кристијано Роналдо само за да се ослободи од него. Веројатно ова е по наредба на новиот тренер Ерик Тен Хаг, кој без Роналдо ја подготвува екипата во пресрет на новата сезона.
На почетокот од месецов Кристијано побара трансфер, сака да игра во Лигата на шампионите, но засега планот не се одвива во посакуваниот тек. Клубовите како Баерн, Челзи и ПСЖ на кои беше понуден, одбија да го ангажираат Португалецот, па последен тим со кој се поврзува е Атлетико Мадрид.
Јорганџиите наводно немаат толку пари го откупат и да ја покријат платата на рекордерот на Реал Мадрид по бројот на погодоци, па од таборот на Ѓаволите се надеваат дека позајмица и поделба на трошоците околу Роналдо ќе биде вистинско решение.
Доколку се случи, ова ви било срамен удар врз брилијантната кариера на Роналдо. На позајмици обично одат фудбалери кои не се во плановите на тренерите каде што играат, или пак младинци на кои им е потребно калемење. Но, не и великани како што е Кристијано.