Бразилските медиуми на почетокот од годинава пишуваат за вистинска сапуница од реалниот живот во која главните улоги ги имаат фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао и играчот на Фламенго, Лео Переира.
Имено, тие пишуваат дека Каролине Лима, која од врската со Едер Милитао има дете, Новата година ја дочекала во Рио де Жанеиро, и тоа со фудбалерот на Фламенго, Лео Переира.
https://twitter.com/curiosidadesdb/status/1742579175351886023
Весникот „Глобо“, пак, пишува дека Едер Милитао сега е во врска со Таина Кастро, мајка на две деца чиј татко е токму Лео Переира.
Едер Милитао и Каролине ја прекинаа врската во 2022 година, само неколку дена пред манекенката да се породи, додека Лео Переира и Таина од септември минатата година повеќе не се заедно.