Со крајот на Европското ракометно првенство во Германија, заврши и наградната игра на Sport Life, Експерт за ракомет. Даниел Р. со погодена квота од 942.91 е вистинскиот експерт за ракомет откако успеа да погоди дури 13-мина ракометари од играта „плус-минус“ голови и дојде до главната награда од 60.000 денари.
Интересно, само тројца од ракометарите беа одиграни на „повеќе“ голови од понудената граница, а останатите 10 на „помалку“ голови. Наградениот тикет беше уплатен на 13 јануари, односно на самиот почеток од првенството кое започна само три дена претходно и сè до 28 не беше надминат од останатите играчи.
Награди освоија и второ и третопласираните експерти за ракомет. Благој П. со погодена квота од 812.46 доби Sony Play station, додека третиот Орце А. со погодена квота од 572.63 доби еден милион поени за СЛ маркет и ќе може да си одбере подарок.