Ова е вистински уметник, погоди 33 натпревари на тикет и си ќари фантастична добивка 

За редовните играчи во Sport Life отсекогаш вистински предизвик претставува да се погодат што поголем број фиксови и за такво нешто е потребно и трпение, а тикет уплатен во Влае е вистинска уметност бидејќи на него се одиграни дури 33 натпревари и сите се погодени.

Тикет уплатен на 19 октомври во Влае само со 40 денари донесе фантастична добивка од 190.551 денар. На тикетот се одиграни 33 меча, од кои 31 се фиксови, а на два меча е одиграно двојна шанса на фаворитите и сите се погодени.

Тикетот „започна да се тркала“ уште минатиот петок, кога лесни победи во домашните првенства остварија Борусија Дортмунд, Ал-Хилал, Унион Сен Жил, како и кошаркарите на Будуќност и Барселона.

Изминатиот викенд сите фаворити славеа без многу неизвесности, а слично беше и со мечевите од европските купови кои се играа изминатите три дена.

Обложувачот имал „нос“ и од Лигата на шампионите одиграл само на лесните победи на Барселона, ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид, додека вчера имаше уште помалку неизвесност. Ајнтрахт и Фиорентина дадоа по шест гола во убедливите победи над Хелсинки и Чукарички, Ливерпул го испрати Тулуз со петка, додека Фенербахче славеше со 3:1 против Лудогорец и му донесе добивка од повеќе од 3.000 евра.

КОГА САКА, САКА, ОДИГРА ДЕКА ФАВОРИТИТЕ ЌЕ ГИ ИСКИНАТ МРЕЖИТЕ И ДОЈДЕ ДО УБАВА ДОБИВКА

Играч во Sport Life во Штип како да знаеше дека фаворитите во вчерашните мечеви во Лигата на Европа и во Конференциската лига ќе играат за мерак на навивачите и си дојде до убава добивка. На тикетот уплатен за 100 денари се одиграни само четири меча, тие на екипите кои вчера ги остварија најубедливите победи, Ливерпул, Ајнтрахт, Фиорентина и Баер Леверкузен, и си заработи 63.772 денари нето.

Играчот одигра дека фаворитите ќе постигнат најмалку по два гола и во првото и во второто полувреме и не погреши. Фиорентина и Ајнтрахт со 6:0 славеа против Чукарички и Хелсинки, додека Баер Леверкузен и Ливерпул со по 5:1 ги победија Карабах и Тулуз и притоа го исполнија условот, дадоа најмалку по два гола и во двете полувремиња. Квотите за овие игри се движеа од 4.40 до 5.75.

- Оглас -

Најнови вести