Цедевита Олимпија ја победи Мега Бемакс со 112-102 во најинтересниот натпревар во јадранската лига сезонава.
Завршницата на мечот во Љубљана беше неверојатно драматична, а победникот беше одлучен по две продолженија. Но, последната секунда од регуларните 40 минути и од првото продолжение, беа за паметење, а во главна улога беше Јака Блажич.
Најпрвин тој даде кош за 87-85 на 0,4 секинди до крајот, но Симоновиќ од одбојка изедначи и се избори за продолѓжение:
Потоа во првиот екстра период, Блажич ја спаси Олимпија од пораз со луда тројка за изедначување: