6.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Ова е за верувале или не, кошаркар направи трипл-дабл со 84 поени!

Ерменскиот кошаркар Даниел Киракосјан на натпреввар од А лигата во својата земја имаше партија за која слушна цел свет и овој 20-годишник сега ќе биде посакувано засилување за многу екипи, ќе пристигнат многу понуди за преселба во поголем клуб.

Киракосјан, кој игра за клубот БКМА, постигна дури 84 поени, но не само тоа, туку оствари и трипл-дабл. Освен што имаше 84 поени, тој имаше и 14 скока и 10 асистенции, што му донесе неверојатен индекс на корисност од 98. На пример: во Евролигата историскиот рекорд е индекс од 62.

Даниел шутираше 36 од 45 обиди од поле, погоди седум тројки од 12 обиди и петпати беше прецизен од линијата за слободни фрлања од шест шута. Неговиот тим победи со 160-102.

- Оглас -

Најнови вести