Фановите на Манчестер јунајтед се во шок откако се појави информација дека Хари Мегваер не само што нема да си оди од клубот, туку ќе добива и поголема плата.
Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за дефанзивецот, но постои еден голем проблем, тие клубови не се спремни да му даваат плата како таа што ја прима во Јунајтед, а на 30-годишниот Мегваер платата ќе му биде и зголемена во однос на минатата сезона.
Мегваер досега имаше годишна плата од 10,6 милиони евра, а од следната ќе зема по 12 милиони затоа што е активирана клаузула со која платата автоматски ќе му се зголеми ако тимот обезбеди место во Лигата на шампионите.
Единствената шанса за заминување на Мегваер од Манчестер е да се случи некое чудо и да дојде мегапонуда од клуб од Саудиска Арабија.