Суперкомпјутерот треба да се рестартира – Предвидува дека Челзи ќе биде англиски првак со само уште еден примен гол

Челзи ќе биде нов шампион на Англија според пресметките на Суперкомпјутерот, кој често дава прогнози, а актуелниот европски првак ќе биде и нов англиски шампион со 99 бода.

Тоа и не би било чудно според квалитетот што го има лидерот по 7 одиграни кола, но нестварно делува прогнозата дека Сините од Стемфорд Бриџ ќе примат вкупно само 4 гола, или само уште еден погодок во следните 31 коло.

Компјутерот, кој често се користи пред се за вакви забавни пресметки предвидува дека втор ќе биде Ливерпул со 89 бодови, а за актуелниот првак Манчестер сити резервирано е третото место со 76 бода.

Сензација ќе приреди новиот премиерлиугаш Брентфорд кој ќе освои 74 бода и ќе игра во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед ќе биде петти со 70 бода, исто колку што на крајот од сезоната ќе има и Вест Хем. Интересно е што на Тотенхем и на Арсенал им се предвидуваат позиции во долниот дел на табелата.

Спарс ќе бидат на 12. позиција, а големиот ривал од Северен Лондон, Арсенал ќе се пласира веднаш зад нив. Новиот гигант во подготовка, Њукасл ќе се спаси од испаѓање, па ќе може со новиот богати газди од Саудиска Арабија да атакува на врвот на табелата од одната сезона.

Интересно е што суперкомпјутерот предвидува дека ќе испаднат Барнли, Саутемптон и Норич, а Канаринците кои ќе бидат последни со 14 бода ќе дадат само 9 гола во 38 кола во Премиерлигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести