ПСЖ го освои трофејот од Супер купот на УЕФА откако славеше над Тотенхем на пенали. Мечот во Удине нема резултатско значење, освен освојувањето на трофејот и финансиски бонус.
Двете екипи за самото учество ќе добијат по четири милиони евра од УЕФА, додека ПСЖ како освојувач ќе добие бонус само од еден милион евра.
Сумите се минорни за денешниот фудбал во кој се вртат милиони, но тука се работи повеќе за престиж отколку за финансиска заработка.