Ова е жед за фудбал – Премиерниот меч по пет месеци пауза го играа три часа

Фудбалот вечерва продолжи да се тркала и во Северна Ирска и речиси по пет месеци пауза, се играше премиерниот натпревар што траеше цели три часа.

Во полуфиналето на националниот куп Балимена и Колерејн долго беа на теренот во Белфаст, а во финалето се пласира Балимена, дури по подобро изведување на пеналите.

Се играше на неутрален терен за првпат по прекинот во март и во регуларниот дел немаше победник. Колерејн поведе со гол во 45-тата минута, а Балимена се спаси од пораз во четвртата минута од регуларниот дел со израмнувачки погодок за 1:1.

Потоа се играа стандардните продолженија од двапати по 15 минути, во кои немаше погодок, па се шутираа пенали. Играчите на Балимена лошо почнаа со промашен удар од белата точка во првата серија, а потоа ги погодија сите четири пенали по ред и се пласираа во финалето.

Фудбалерите на Колерејн погодија само еднаш од четири обиди и ќе чекаат нова шанса во иднина за да бијат битка за пехарот во Купот на Северна Ирска.

Вечерва од 21 часот се игра и второто полуфинале меѓу Клифтонвил и Гленторан на истиот стадион „Виндзор парк“ во Белфаст.

 

- Оглас -

Најнови вести