Ова го чекаа 25 години: Лудо славје низ улиците на Њујорк ( Видео)

НБА првенството ќе добие нов првак, откако бранителот на тронот Бостон селтикс е елиминиран во втората рунда од плејофот. Иако беше фаворит, Бостон на крајот со 2:4 во победи загуби од екипата на Њујорк никс. Во последниот шести меч, во „Медисон Сквер гарден“, Њујорк беше убедлив и победи со 119:81.

Со оваа победа, Њујорк за прв пат по 25 години се пласираа во конференциското финале. За тоа колку многу се желни за успех и радост, фановите на Никси потврди и фактот дека по победата над Бостон, десетина илјади навивачи излегоа низ улиците на светската метропола да прослават.

Неверојатно делуваат фотографиите, посебно ако се знае дека се работи само за пласман во конференциско финале. Може да замислиме каква фешта ќе има ако Њујорк успее да стигне и до големото финале или да направи чудо па да стане новиот првак во НБА лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN (@espn)

- Оглас -

Најнови вести