32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Ова го чекаше целиот свет, Меси доби понуда од тим од Саудиска Арабија и од неа ќе ви се заврти во глава

Тимот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, сака да го ангажира Лионел Меси, кому му нуди поголема плата од таа што ја доби Кристијано Роналдо од Ал-Наср, пишува весникот „Мундо Депортиво“.

Според весникот, лесно може да се случи Аргентинецот да ги следи стапките на Португалецот и да се потпише за Ал-Хилал, кој му нуди неверојатни 280 милиони евра годишно, со што би станал убедливо најплатен фудбалер во историјата. Роналдо на 1 јануари потпиша за Ал-Наср, од кого годишно ќе заработува по 200 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пишува дека како и во случајот со трансферот на Роналдо во Ал-Наср, парите за неверојатната плата на Меси ќе бидат обезбедени од државниот инвестициски фонд, кој е под директна контрола на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Целта со евентуалниот ангажман на Меси е да се зголеми интересот за лигата бидејќи светот повторно би можел да го гледа дуелот меѓу двајцата најдобри играчи на светот во изминатите 20-тина години.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а челниците на Светците веќе започнаа преговори за продолжување на соработката.

- Оглас -

Најнови вести