НБА лигата вечерва ќе стави точка на регуларниот дел. Сите 30 екипи ќе се појават вечерва на теренот и тоа во нетипичен термин за дуели во САД. Осум меча ќе се играат од 19 часот, а пореостанатите седум ќе започнат во 21:30 часот, што значи дека стандардните полноќни возбудувања сега се префрлени во друг термин.
Во Источната конференција работите во најголем дел се јасни. Познати се шесте екипи кои имаат директно место во плејофот, како и оние четири што ќе играат во разигувањето за влез во плејофот.
На Западот ќе биде поинтересно, затоа што ќе треба да ги даде последните два клуба кои директно ќе патуваат во плејофот. Голден Стејт и Лос Анџелес клиперс се во пол позиција, па доколку победат на гостувањата кај Портланд и Феникс, ќе бидат на петото и шестото место на табелата.
Ако случајно киксираат Воините или Клиперси, шанса ќе бараат Њу Орлеанс и ЛА лејкерс кои засега се на позиции кој водат во доигрувањето за влез во плејофот.