Ова го има само кај нас – Македонија е домаќин на Европско првенство на кое не учествува

Македонија е уникатен случај во светот на кошарката и прифати да биде организатор на Европско првенство на кое не учествува.

ФИБА ни додели организација на континентален шампионат за девојки на возраст до 16 години, и тоа од елитната Дивизија А со најсилните европски репрезентации, класа во која не спаѓа Македонија и според правилата, и не учествува. Кој е мотивот да се биде организатор на првенство на кое не игра земјата-домаќин е прашање за челниците на Македонската федерација.

Ваков случај е невообичаен и е ретка пракса, што, секако, не ја прифаќаат најразвиените кошаркарски земји, да бидат домаќини на турнир на кој домаќинот не учествува.

Првенството почна вчера, а за титулата битка ќе бијат 16 репрезентации. Трофејот го бранат Италијанките.

 

- Оглас -

Најнови вести