Ова го има само во Грција: Суспензија доби цела екипа затоа што нападнаа жена судија (Видео)

Комплетниот тим на Арис од Солун е суспендиран за првите две кола во новата сезона на домашното првенство. Причина за оваа жестока казна е инцидентот што го предизвикаа играчите на Арис за време на финалето во Купот на Грција.

Панатинаикос го победи Арис со 1:0, и тоа со гол во 90+7 минута. По примениот гол, голем дел од играчите на Арис гневот го насочија кон судијката Стефани Фрапар.

Токму Фрапар е најдобрата судијка во светот, но играчите на Арис жестоко реагираа, па мораше да реагира и полицијата. Потоа фудбалерите на Арис не присуствуваа на церемонијата на доделување на медалите, па поради сите овие испади, целиот тим на Арис е казнет со два меча суспензија.

Освен играчите, суспензија има и за тренерот на Арис, Акис Манзиј. Клубот од Солун има право на жалба на оваа казна. Засега Арис има само шестмина играчи на располагање за првите две кола, а тука сигурно ќе бидат и дел од фудбалерите од младинскиот состав. Секако, право за настап би имале и фудбалерите кои ќе бидат донесени како засилување во летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести