10.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Ова го има само во Грција, татко и син во ист ден добија откази од тренерските места

Во грчкото првенство се случи несекојдневен момент, а тоа е татко и син да добијат отказ во ист ден од два различни клуба. Двата откази се случија само во неколку часа.

Прв беше сменет Јоргос Петракис, кој беше на клупата на АЕЛ Лариса. Петракис си замина откако АЕЛ на свој терен претрпе тежок пораз од 2:5 од Волас. По овој неуспех, АЕЛ е на 12-тото место на табелата само со четири освоени бода од шест кола (два порази и четири ремија, без ниту една победа).

По овој отказ на Јоргос, неколку часа подоцна без работа остана и неговиот татко Јанис Петракис, кој беше тренер во Панетоликос. Екипата на Панетоликос загуби убедливо со 6:0. Екипата на Панетоликос е на претпоследното место на табелата само со четири бода и најлоша одбрана во лига со вкупно 12 примени гола во шест кола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@slvoicegr)

Доколку Јоргос и Јанис останеа на клупите уште неколку кола, татко и син требаше да се сретнат во меѓусебен дуел, но грчката лига остана без тој необичен натпревар.

- Оглас -

Најнови вести