Ал-Хилал убедливо со 4:1 го победи Ал-Итихад во финалето на фудбалскиот Супер куп во Саудиска Арабија, а тоа што се случи по мечот го шокира целиот спортски свет. Откако играчите на Ал-Итихад ги добија сребрените медали за второто место, Абдеразак Хамдалах, кој беше стрелец на почесниот гол за поразениот тим, имаше непријатна ситуација која ќе ја памти цел живот.
Тој влезе во расправија со еден од навивачите на трибината и реши да го испрска со вода. Тоа што потоа следуваше беше неверојатно. Навивачот извади камшик и неколку пати го камшикуваше мароканскиот фудбалер.
Потоа реагираа луѓето од обезбедувањето и спречија поголем инцидент.
https://twitter.com/i/status/1778524604082131076