Ова го можат само Англичаните: Спие со чаша полна пиво на глава, а останатите му досипуваат пиво (Видео)

Англиските навивачи се познати по својата љубов кон пивото и општо кон алкохолот кога се на некое големо натпреварување да ја бодрат својата селекција. Англија синоќа во Франкфурт играше против Данска (1:1), а навивачите стандардно се загреваа за мечот со многу пиво.

Еден од навивачите толку многу се опијанил што заспал на една скала, а на главата му стоеше чаша полна со пиво. Останатите навивачи си направија шоу и досипуваа пиво и чекаа кога чашата или ќе се прелее или ќе се истури. На крајот, чашата падна, пивото се пролеа, а Англичанецот продолжи да спие.

По една ваква снимка не е ни чудо што по првото коло се појави англиски навивач кој се жалеше дека заспал на стадион и никој не го разбудил, па замиот кога се разбудил веќе било четири часот по полноќ и секако немало никој на трибините.

- Оглас -

Најнови вести