Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален меч. На гостувањето кај Хјустон, Словенецот заврши со 47 поени, 12 скока и седум асистенции, а Далас победи со 125:107.
Дека ќе биде незадржлив, Дончиќ покажа уште на загревањето пред мечот. Во еден момент Дончиќ го фрли баскетот толку високо што удри во семафорот кој стои на таванот од салата, а потоа заврши директно во кошот. Сите соиграчи на Лука со неверување гледаа каков кош успеа да погоди Словенецот.
He done did it. IYKYK‼️ @luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/fFCyNriRJu
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) March 31, 2024