Јужна Кореја се пласираше во осминафиналето од Светското првенство благодарение на голот постигнат во судиското продолжение на дуелот против Португалија. Со тој гол, Јужна Кореја победи со 2:1 и тоа беше доволно да стигне до второто место во групата, во која извиси Уругвај.
И Уругвај славеше во последното коло и тоа против Гана, но триумфот од 2:0 не беше доволен за јужноамериканскиот тим да остане на Мундијалот. Некогашниот двократен светски првак заврши со гол разлика 2:2, додека Јужна Кореја беше со гол-разлика 4:4, а меѓусебниот дуел им заврши нерешено. Фактот дека Јужна Кореја даде повеќе погодоци од Уругвај, беше знак дека може да започне големата радост за Азијците.
Двата меча се играат во исто време, но дуелот на Јужна Кореја заврши 2-3 минути порано, па сите со нетрпение го чекаа крајот на мечот на Уругвај. По последниот судиски свиреж на мечот Уругвај – Гана, сите беа тажни затоа што двете селекции си одат дома, додека од радост скокаа фудбалерите на Јужна Кореја. Еден момент, еден судиски свиреж со две сосема различни емоции.