Селекторот на Шведска, Јане Андерсон, одлучи да го повика напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, за настап во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. На стартот од квалификациите, Шведска ќе игра против Белгија и Азербејџан, а Ибра е повикан иако веќе има 41 и пол година.
„Постојано бевме во контакт, а сега Златан ми рече дека се чувствува одлично. Го има тоа искуство кое ни е потребно. Идејата е да влегува и да придонесе на теренот. Ако не беше така, немаше воопшто да го викнам“, вели селекторот Андерсон.
Во националниот дрес на Шведска, Ибра досега има одиграно 121 меч и постигнал 62 гола. Голгетерот кој беше подолго време повреден, неодамна настапи и за Милан и покажа дека е подготвен да помогне како на клупски така и на национален план.
View this post on Instagram