Фудбалерите на Фенербахче без многу проблеми се пласираа во следната фаза од Купот на Турција , откако со убедливи 3:0 победија на гостувањето кај Касимпаша. Домаќините како да знаеја дека немаат шанси да се споритстават на големиот ривал, па тренерот Хакан Келеш реши на теренот да испрати тим составен од многу млади фудбалери. Најмладиот играч на Касимпаша имаше само 15 години, па и поразот од 0:3 не е толку страшен.
Тоа што посебно го одбележа овој дуел се случи по завршување на средбата. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, реши да дојде до фудбалерите на Касимпаша и да им одржи еден краток говор, односно да ги охрабри младите фудбалери кои допрва треба да ја градат својата спортска иднина.
Maçın ardından teknik direktör Jose Mourinho, Kasımpaşalı futbolculara bir konuşma yaptı. pic.twitter.com/NWWrdlkUTY
— Ceyhun Samet Yüksel (@ceyhunsamety) January 9, 2025