Ова го нема никаде во светот: Седум години по ред го менува рангот на натпреварување

Падерборн синоќа загуби на гостувањето во Берлин од Унион со 1:0 и на тој начин дефинитивно ги загуби шансите дека може да се спаси од испаѓање од Бундеслигата. По 32 кола, Падерборн остана само на 20 освоени бодови и има дури осум помалку од Вердер и Дуисбург, кои се веднаш над него на табелата.

Со испаѓањето од Бундеслигата, Падерборн продолжи една неверојатна низа, а тоа е седма година по ред да менува ранг на натпреварување според освоената позиција на табелата. Како одеа пласманите на Падерборн од 2013 година до сега:

Сезона 2013/14 – Падерборн се пласираше во Бундеслигата

Сезона 2014/15 – Испадна во Цвајте

Сезона 2015/16 – Испадна во трета лига

Сезона 2016/17 – Испадна во Регионална лига, но, за среќа, поради банкротот на Минхен 1860, тимот остана во трета лига.

Сезона 2017/18 – Се пласираше во Цвајте

Сезона 2018/19 – Се пласираше во Бундеслигата

Сезона 2019/20 – Испадна од Бундеслигата

Ако го следи овој тренд и следната година, Падерборн или ќе се врати во елитната лига или ќе испадне во третата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести