Ова ќе биде едно од најнеизвесните кола, нема изразит фаворит на сите 13 натпревари

Новата сезона на Спортска прогноза започна од минатата недела и веќе е доделен првиот вредносен ваучер од 500 денари на прогнозерот кој успеа да погоди 11 точни фикса во првото коло од шестата сезона. Во тек се прогнозите за средбите од второто коло, а вкупно натпревари има од шесте најсилни лиги во Европа.

Речиси 1.000 луѓе веќе прогнозирале, а од досега покажаните резултати, речиси на ниту еден од понудените мечеви нема апсолутен фаворит според прогнозерите, односно нема екипа на која ѝ се даваат повеќе од 75 отсто шанси за победа (три четвртини).

На дербито во Англија меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед малку повеќе од 60 отсто очекуваа Топчиите да победат. Вердер Бремен се гледа како најголем фаворит, и тоа на домашен терен против Мајнц, а за „кец“ типувале 71 отсто од прогнозерите.

Главен предизвик за сите прогнозери е да погодат Среќна 13-ка, што ќе им донесе радост и можност да одберат еден од подароците (Смарт ТВ Самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За прогнозерите со 12 погодени натпревари се добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести