Ова ќе биде голем предизвик за секого: Пеколни дерби-дуели во Италија, Шпанија и Англија

Новото 24-то по ред коло на Спортска прогноза е активно. Вкупно 13 атрактивни дуели од најсилните лиги во Европа се на менито, а предизвикот на секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 фиксови на понудените средби. Ако успее некој во тоа, ќе  може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ка се вреднува со ваучер од 500 денари.

Во следните неколку дена во фокусот ќе бидат три посебно интересни дуели и сите ќе се играат во неделниот термин. Арсенал е домаќин на Челзи во лондонското дерби. Топчиите полека се предаваат во борбата за титулата, но пресметките против Челзи секогаш се посебно интересни.

Аталанта, која во последниот меч убедливо со 4:0 го победи Јувентус во Торино, сега игра на свој терен против актуелниот првак и лидер на табелата, Интер. Аталанта заостанува само три бода зад Нераѕурите, што значи дека овој меч е меѓу конкурентите за Скудетото.

Пеколно ќе биде во Мадрид, каде што Атлетико ќе ѝ биде домаќин на Барселона во дербито на шпанското првенство. Двете екипи имаат обврски во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа ќе се фокусираат на меѓусебниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести