Ова ќе биде интересно: Се „зајадоа“ Балотели и Ибрахимовиќ! (Фото)

Контроверзните напаѓачи Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели во минатото играа заедно во Интер, а познати се и како фудбалери кои немаат влакна на јазикот, па дојде редот и да влезат во вербална „војна“ еден со друг.

Златан го критикуваше Балотели дека си го уништил големиот талент.

„Кога едно дете има можност максимално да го искористи талентот, а нема да го направи тоа, тогаш тоа е жално. Балотели имаше многу можности и ги пропушти, едноставно го упропасти талентот. Тоа е вистината“, рече Ибрахимовиќ.

На Италијанецот не му се допадна овој коментар на Ибра и на „Инстаграм“ сподели слика на која го крева трофејот од Лигата на шампионите и го тагна името на Швеѓанецот во ова свое стори.

Ова беше директен удар кон Ибрахимовиќ, кој никогаш во кариерата не ја освои ЛШ во својата долга и богата кариера.

- Оглас -

Најнови вести