Ова ќе биде ноќ за памтење: Европа и Ј. Америка добиваат континентални владетели

5102 Аргентина – Колумбија (02 ч.)

Неверојатна низа имаат двете селекции. Аргентина има 24 победи и само еден пораз во последните 25 кола, додека Колумбија е во уште поневеројатна низа и на последните 28 средби нема пораз (22 победи и шест реми).

Колумбија последен пат загубила пред две и пол години, што значи ќе биде многу тешко на Гаучосите со овој ривал. Во последните пет меѓусебни пресметки скорот е израмнет. Двата тима имаат по една победа, а три дуели завршиле нерешено.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.80)

 

6742 Шпанија – Англија (21 ч.)

Шпанија е репрезентацијата која одигра најдобар фудбал во изминативе месец дена на ЕП и сосема заслужено е во финалето. Од друга страна, многумина сметаат дека Англија со многу среќа во играта дојде до мечот за златото.

Кога се работи за еден дуел, улогата на фаворит не значи многу. Еден момент може да биде решавачки, но ако се знае какво звучни имиња има во двата тима, може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)

 

4792 Блуминг – Боливар (23 ч.)

Боливар одлично ја започна сезоната и во четири кола има три победи и едно реми, но факт е дека и Блуминг игра одлично и има три победи и само еден пораз во досегашниот дел од првенството.

Ако се погледнат последните три дуели на овие екипи, Боливар е убедлив и има победи со 6:1, 5:0 и 3:0. На последните девет меѓусебни дуели има најмалку три гола, а многу често и бројот на погодоците е со 4+.

Предлог тип: 2&3+ (2.80)

 

2702 Екенас – Интер Турку (16 ч.)

Иако на гостински терен, Интер Турку е во улога на фаворит против тимот кој е на претпоследното место во првенството на Финска. Овие два тима седум пати играле меѓу себе и секогаш резултатот бил со барем три гола. Последните четири дуели завршуваат со погодоци на двете страни.

Традицијата вели дека Интер турку победил на шест од последните седум пресметки со овој ривал.

Предлог тип: ГГ3+ (2.08)

 

2436 Клуж – Динамо Букурешт (18 ч.)

Во Романија веќе започна новата првенствена сезона, а Клуж секако е еден од фаворитите за титултата. Минатата сезона Клуж заврши како втор, додека Динамо Букурешт во баражот се спаси од испаѓање.

Јасно е кој е фаворит за победа и се освен „кец“ ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1-1 (2.21)

 

- Оглас -

Најнови вести