Ова ќе биде специјално коло: Ел Класико во Шпанија, дерби дуели во Италија, Англија, Франција…

Новото 8 коло на Спортска прогноза започна. Вкупно 13 пара од најсилните лиги се дел од ова коло, кое навистина ќе биде посебно. Во викендот кој доаѓа ќе се одиграат неколку дерби-дуели, а секако во фокусот ќе биде најголемото дерби во светот, Ел Класико. Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Барселона во меч на кој каталонскиот гигант ќе влезе со три бода повеќе од мадриѓаните.

Освен ова дерби, ќе биде многу возбудливо и во Англија, каде што во Премиер лигата ќе играат Арсенал – Ливерпул. Овие два тима заедно со Манчестер сити се главни фаворити во трката за титулата.

Во Серија А ќе се игра дербито на Италија, во кое Интер е домаќин на Јувентус. Во Франција ќе играат Олимпик Марсеј – ПСЖ, а во понудата за ова коло има и други интересни средби на кои главен предизвик е да се погоди „фиксот“.

Прогнозерот со погодени 13 натпревари може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ка вреди ваучер од 500 денари.

Не чекајте, прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести