Дури девет натпревари ќе се играат ноќеска во НБА-лигата, а тоа што е посебно впечатливо е дека на осум средби улогата на фаворит ја имаат домашните екипи. Дури пет меча се обележани како „сигурици“ затоа што квотата за победа на домаќините не е поголема од 1.45, што значи дека е тешко да има изненадување.
Оклахома, Орландо, Милвоки, Денвер и ЛА клиперс се во многу подобра форма од ривалите кои треба да им гостуваат. Од сите девет средби, само Бостон е фаворит како гостин. Селтикс играат на теренот на Лос Анџелес лејкерс, а домаќините сигурно ќе се обидат да изненадат.
Повеќе од 60-мина кошаркари се дел од денешната понуда за „плус-минус“ поени. Леброн Џејмс е на „граница“ од 22,5 поени, Виктор Вембањама е на 28,5 поени, Паскал Сијакам е на 20,5, Дамијан Лилард е на 24,5 поени, Јанис Адетокумбо на 28,5 поени, Кајл Ирвинг на 24,5 поени, Стеф Кари на 26,5 поени…