36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ова коло беше доказ дека домашниот терен не е баш и некоја предност за екипите кои се дел од Спортска прогноза

Максимални 10 погодоци имаа прогнозерите во колото кое изминатиов викенд беше дел од деветтото коло на Спортска прогноза. Агим, Марјан и Ивана беа со 10 погодени од 13 понудени мечеви и им фалеше само уште еден погодок за да добијат ваучери од Sport Life во вредност од 500 денари.

Последното коло од Спортска прогноза е доказ дека домашниот терен не дава некоја поголема предност, па од 13-те понудени дуели, само на два меча се радуваа екипите коишто играа пред своите навивачи.

Според резултатите, дури на осум меча беа подобри гостите, а три средби завршија нерешено. Интересно е дека и двата дуела кои се дел од резервни мечеви завршија со триумф на гостите. Тоа значи дека од 15-те понудени средби во изминатово коло, дури 10 беа со триумф на гостинските екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести