Ова коло е само за најискусните, толку дерби-дуели на едно место ретко се наоѓаат

Едно од најатрактивните досега ќе биде 23-тото коло на Спортска прогноза. Во ова коло, меѓу 13-те парови кои се дел од понудата за прогнозирање има дури три големи дерби-дуели.

Сите три спектакуларни мечеви ќе се играат в недела, а прва на програмата е римската пресметка меѓу Лацио и Рома, за вечерта да биде резервирана за Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус, а како „шлаг на тортата“ е Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Повеќе од 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите фиксови, и тоа не само за трите дерби-дуели туку и за останатите 10 меча, сите дел од Топ 5 лигите во Европа.

Како и во секое коло така и овојпат главната мисија е освојување на Среќна 13-ка, односно погодени 13 фикса. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За 12 погодени натпревари се добива ваучер од 1.000 денари, а за 11-ка, ваучерот е 500 денари.

https://sportlife.com.mk/prognoza

- Оглас -

Најнови вести