Коло на Спортска прогноза што не се пропушта – Во мега-дерби Манчестер сити и Ливерпул ќе одлучуваат за англиската круна

Спортската прогноза со 30. коло е во тек за типување и тоа може да се стори до утре до 15.30 часот, односно до почетокот на првиот меч на популарната Тринаесетка.

Тогаш ќе почне мечот меѓу Келн и Мајнц, како еден од двата понудени за прогнозирање, заедно со градското дерби меѓу Херта и Унион Берлин.

Вкупно 12 натпревари во понудата за 30. коло се од Топ-5 лигите, плус големото турско дерби на Истанбул, меѓу Фенербахче и Галатасарај, што ќе се игра во недела од 19.30 часот и е поспеден на менито од сите 13 мечеви.

Во фокусот секако е мега-дербито во Англија меѓу Манчестер сити и Ливерпул што ќе се игра во Манчестер, задутре од 17.30 часот.

Тоа е меч што може да одлучи која екипа ќе биде шампион на Англија и му дава посебен шмек на 30. коло на Спортска прогноза.

Манчестер сити е лидер со 73 бода, само еден повеќе од Ливерпул на 8 кола до крајот на Премиерлигата.

Стандардно за секое коло за погодени 13 натпревари, Sport Life и Спорт Манија како организатори на бесплатната игра доделуваат прекрасен мобилен телефон „ајфон12“, а има уште многу награди.

И трката за шампионската титула во Генерален пласман во оваа сезона на Спортска прогноза е исклучително интересна, а најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи и наградени ќе бидат најдобрите 5 прогнозери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести