Поддршка од околу 1.500 навивачи се очекува да има македонската фудбалска репрезентација на дуелот во Вадуз против домаќинот Лихтенштајн. Со овој меч започнуваат квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Договорено е македонските навивачи да дадат поддршка на нашите фудбалери, но без користење на тапани, труби и пиротехнички средства и тоа да биде во чест на жртвите во трагедијата која се случи во Кочани минатата недела, а во која загинаа 59 луѓе, а преку 150 беа повредени.
Македонската Фаланга секогаш била „играч плус“ за македонските национални селекции, па така се очекува да биде и сега. Фановите имаат и збирно место, односно фан зона во Вадуц, а тоа е Бар “ENGEL” на плоштадот во Вадуц.