1.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Ова момче денеска потпиша за Милан, дали знаете чиј син е?

Презимето Ибрахимовиќ и во иднина ќе биде актуелно на „Сан Сиро“ и на зелениот терен. Младиот 17-годишен Винсент Ибрахимовиќ кој е син на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, го потпиша својот прв професионален договор со Милан, клубот во кој неговиот татко остави неизбришлив печат.

Тинејџерот кој игра во средниот ред, само продолжува по стапките на неговиот татко Златан, но и на неговиот постар брат Максимилијан, кој истотака има договор со Росонерите.

Легендарниот Златан вкупно помина пет сезони како играч во Милан. Одигра 163 меча, а два пати се радуваше на титулата во Серија А. Неговиот постар син Максимилијан кој има 19 години, во 2024 година го потпиша првиот професионален договор со Милан, а сега и помладиот Винсент ја започнува својата фудбалска приказна.

„Милан со воодушевување објавува дека Винсет Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор“, стои во соопштението од Милан. Тинејџерот ќе се приклучи на проектот Милан Фуртуно каде се работи на развој на младите фудбалери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести