Ова може да му се случи само на Хари Мегваер, на погрешно место во погрешно време! (Видео)

Капитенот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер уште еднаш се најде во центарот на вниманието поради неверојатен начин на кој неговиот тим остана без победа во дуелот со Севилја, во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Мегваер веќе многу често се наоѓа во ситуација која со некоја несмасна реакција, потег или ненамерен удар прави „штета“ на својот тим. Овојпат тој дефинитивно нема многу вина за постигнатиот автогол, но факт е дека Мегваер многу често се наоѓа на погрешно место во погрешно време.

Овојпат топката по ударот на гостинскиот играч одеше многу далеку од голот, но удри во главата на Мегваер, го смени правецот, го измами Давид де Хеа и на крајот заврши во мрежата за разочарување на фановите на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести